Софијанова: За лекарите, пациентите секогаш се на прво место
Објавено во: Стил 13 Март, 2018
Утринското кафе го пијам традиционално со мојот Нони и со мојата ќерка Анастазија. Викендите седнуваме онака опуштено со кафе да си ја прераскажеме неделата која поминала и да ја испланираме следната. Нони е секогаш до нас, раскажува Аспазија Софијанова и открива интересни детали во утринското кафе на Женски магазин.
Ме мотивираат моите деца пред сѐ, мојот Нонко, моето семејство и секако моите пациенти. Децата кои ме чекаат секој ден на клиника и оние кои сме ги излекувале и кои денес се здрави деца. Потоа моите студенти по медицина. Нема поголема мотивација од тоа. Ги сакам и патувањата како во земјата така и надвор од неа. Посебно службените, затоа што стекнувајќи нови искуства ги полнам батериите за работа.