Софтверите ќе им ја земат професијата на правниците?
Објавено во: Економија 12 Август, 2018
Вештчката интелигенција и автоматизацијата не им се закануваат да им ја земат професијата само на мануелните работници, туку и на правниците.
Софтверите во иднина сами ќе можат да ги склучуваат договорите помеѓу страните, односно помеѓу компаниите, физичките лица, другите организации и сл.
Нури Бехор, ЦЕО-то на LawGeex, компанија за склучување на договори, тврди дека во иднина софтверите толку добро „ќе ги познаваат прописите во правото“ што сами ќе можат да проценат точно и прецизно дали еден договор пред заверување е добар или не, односно дали може да се постигне или не.
Според Бехор, компјутерите ќе ја вршат многу побргу и поефикасно таа работа.
„Ми требаа денови да го прочитам договорот, да го споредам со базата на податоци, да видам дали и порано имало такви. Сето тоа бара многу концентрација и го истоштува правникот “, вели Бехор.
Според правниците, денеска во службата има огромен број на податоци и дека при нивното евидентирање може да погреши и компјутерот и човекот, со тоа што овој првиот работата ќе ја заври многу побрги и „без да бара одмор“.