28 Март, 2024
0.0688

„Соломонска одлука“ на СДСМ и ДУИ: Ќе пуштаат оглас за заменик-директор за ревизија

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

СДСМ и ДУИ ќе објават оглас за заменик-директор на Државниот завод за ревизија и така ќе ја продолжат функционалноста на овој орган кој ја скенира работата на државните органи, јавните претпријатија, политичките партии и општините. 

Ваквиот потег се должи само на тоа колку да се продолжи функционалноста на заводот, односно да има кој да додели плати и да ги потпише одлуките, во ситуација кога и натаму нема договор во собраниската Комисија за именување помеѓу коалиционите партнери за тоа кој да биде прв човек на Ревизијата.

Државниот завод за ревизија точно две години нема директор, а неодамна му заврши и мандатот на заменикот, по што се јавија стравувања кај вработените, синдикатите и невладините организации за неговата функционалност особено во периодот на предизборие.

СДСМ и ДУИ, како што дознава НОВА, доставиле до претседателот на Собранието Талат Џафери поднеле пред два дена барање да се објави оглас за избор на заменик – директор на оваа институција.

„Собранието треба да избере нов заменик на главниот државен ревизор поради истекот на мандатот на заменикот. Поради ова предлагаме Собранието да донесе одлука за објавување јавен оглас за избор на заменик на главниот државен ревизор“ пишува во предлог одлуката.

Огласот ќе трае 15 дена откако ќе биде објавен, а заменик-директорот не смее да биде член на партија ниту да членува во Управни одбори.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија