19 Април, 2024
0.0665

Солтер: Со новиот закон за тутун се отвораат можности за засилена борба со шверцот на тутунски производи

Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

По 12 години и исто толку измени, тутунарите добија нов Закон за тутун кој според многумина е најдобриот досега и чиј текст е приближен до европското законодавство, а во негова изработка беа вклучени сите засегнати страни во земјава.

Во поглед на производството, тој ја подобрува и поедноставува постапката за пријавување на производство на тутун со тоа што се укинува  издавањето на евидентни листови, познати како „бели картони“. Тутунопроизводителите отсега само ќе склучуваат договори со откупните компании кои ќе имаат обврска да ги внесат договорите во електронскиот систем за евиденција на тутунопроизводството  на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое, за разлика од порано, сега ги презема речиси сите надлежности во поглед на производството и прометот на тутун и тутунски производи.

Новиот закон дополнително регулира одредени области кои порано не беа прецизно регулирани, како во поглед на увозот на суров тутун, така и во поглед на увоз и промет на тутунски производи, што создаваше проблеми во контролата и борбата против нелегалната трговија.

Во новиот Закон меѓу другото во член 43 стриктно е наведено дека се забранува откупување, купување, прекупување, продажба, препродажба, транспорт и складирање на необработен тутун или режан тутун, како и неовластено располагање со машини, алати, уреди и опрема кои се користат за изработка на производи од тутун и сродни производи спротивно на одредбите на овој закон.

Во тутунската индустријата се уверени дека со новото законското решение се овозможува засилување на сузбиовањето на нелегалната трговија со тутунот и тутунските производи.

 „За прв пат се регулира или се засилува контролата на увозот и прометот на необработениот тутун, кој досега создаваше голем проблем и ја зголемуваше нелегалната трговија со тутун и производи од тутун. Со законското решение, државните институции имаат можност да ја засилат контролата, да ја сузбијат нелегалната трговија која, сите ќе се согласиме, претставува сериозен ризик за државниот буџет, бизнис заедницата, но и за општеството,“ вели Михаел Солтер, генерален директор на Филип Морис ТКП.

Освен производството на тутун и цигари, со законското решение за прв пат се регулира и производство и продажба на електронски цигари, како и производи од несогорлив тутун, кои отсега ќе може да се продаваат легално и кај нас.

„Со новиот закон за прв пат се регулира прометот, производството и прометот на таканаречените нови тутунски производи кои се производи од несогорлив тутун. Тој е производ што користи несогорлив тутун и за разлика од цигарите, тој го грее тутунот и не согорува, а со самото тоа носи и помал ризик за потрошувачите“, вели Солтер.

Според тутунските компании земјава има најквалитет тутун во регионот од видот ориентален тутун. Тутунот е исклучително значаен за нашата земја бидејќи годишно од извоз на тутун се остварува над 100 милиони евра девизен прилив, а од него егзистираат околу 25 илјади семејства.Во откупот од минатогодишната реколта се постигна просечна цена од 217,60 денари по килограм суров лист, односно 3,3 евра, што е највисока просечна цена во Европа.  Нашата земја е единствена во Европа која дава субвенции за тутунопроизводство, што е значајно за тутунарите бидејќи претставува стимул во производството. Токму поради субвенциите и најголем дел од произведениот тутун кај нас е од прва и втора категорија.


Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ