Добивај вести на Viber
Полицијата и денеска со солзавци и водени топови ги растураше демонстрантите низ Истанбул.
Претходно премиерот Ердоган ја одби можноста од предвремени избори. Тоа нема да се случи само затоа што луѓето маршираат по улиците рече Ердоган.
Градоначалникот на Истанбул Кадирт Топбаш, пак, изрази подготвеност да се откаже од некои делови од проектот за реконструкција на плоштадот Таксим, кој беше повод за почеток на протестите против премиерот Реџеп Таип Ердоган.
Топбаш изјави дека постои можност да се откаже од изградбата на трговскиот центар, хотелот, станбената зграда, а да се изгради на пример општински музеј или изложбен центар. Властите, сепак, не се откажуваат од обновувањето на поранешната османска касарна на локација во паркот Гези, која беше разурната во 1940 година.