Сонце и дожд: Еве какво време не очекува до крајот на неделата
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019
Метеоролозите денес предвидуваат сончево време со умерена облачност, попладне претежно во западните
делови ќе има појава на локален дожд.
Дневните темепратури на воздухот ќе бидат пониски од вообичајните летни степени во јули. Ќе се движат во интервал од 19 до 31 степен целзиусов.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Според управата за хидрометеоролошки работи сабота во попладневните часови ќе има појава на локален дожд.
Додека, нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во сабота во текот на ноќта и во недела.