Денес сонце и дожд: Кога се очекува да престанат дождовите
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
За денес според метеоролозите не очекува сончево и топло време со умерена облачност, околу пладне и попладне на повеќе места во земјава се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
УВ индексот за денес ќе изнесува 7.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 24 до 33 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде на југоистокот од земјава.
Во Скопје се очкеува слично време, односно сонце со умерена облачност, попладне со дожд , грмежи и засилен ветер. Максималните температури во главниот град ќе достигнат 31 степени целзиусови.
Според управата за хидрометеоролошки работи до четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.