СОНЧЕВО И ТОПЛО: Какво време не очекува оваа работна недела?
Објавено во: Македонија 19 Август, 2019
Ако излегувате на отворено во периодот од 10 до 17 часот заштитете се.
Според синоптичарите за првиот работен ден од оваа недела не очекува сончево време со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.
УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот ќе се движат од 27 до 35 степени целзиусови. Најтопло се очекува да биде во југоисточниот дел од земјата.