27 Септември, 2024
0.0595

Соња Николовска од ТАТ повторно во затвор

Објавено во: Македонија 22 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Најпозната измамичка во историјата на независна Македонија, Соња Николовска, повторно ќе оди во затвор, овој пат за втората измама по фамозниот скандал ТАТ кога десетици илјади граѓани без измамени и оставени без нивните заштеди. Николовска е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на десетина битолчани од кои успеала да земе над 600 000 евра.

Според пресудата Николовска ги измамила битолчаните дека ќе им овозможи да си го вратат заробените пари од нејзината пропадната штедилница. Им рекла дека и требаат пари за рестартирање на познатата битолска свилара со што наводно ќе ги вратела парите, но и ќе вработела нивни роднини, пренесува Досие

Таа на измамените им рекла дека судот во Стразбур и го вратил имотот и златото и дека ќе почнела да работи печатницата на нејзиниот починат сопруг. Инаку Врховниот суд во 2014 суд донесе пресуда со која необезбедените штедачи на ТАТ им го додели запленетиот златен наќит на Соња Николовска кој пак никој не го купуваше на јавно понудените аукции.

За парите, според пресудата ветила и камата. Најмногу зела од маж од селото Кравари, дури 300 000 евра. Парите ги земала дел по дел во суми од 40 до 60 илјади евра. Еден од измамените е и нејзин братучед од кого зела најмалку пари. Од него парите ги зела оти се жалела дека дома немаат пари за јадење.

Ова е втор пат Николовска да е зад решетки. Таа пред 20 тина години беше прогласена за најуспешена менаџерка како сопственик на штедилницата ТАТ. Беа оштетени над 13 000 штедачи од кои беа ограбени над 60 милиони евра. Тогаш Николовска доби три и пол годишна затворска казна за даночно затајување.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања