СОНК и МОН се на чекор до договор за платите
Објавено во: Економија 17 Мај, 2022
СОНК и МОН се на чекор до договор за платите на просветните работници.
„Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на образование наука и култура (СОНК) полека ги приближуваат ставовите по однос на барањето на повисоки плати во образованието“, рече министерката Јованка Тренчевска.
Таа рече дека им треба време за да можат предлозите од СОНК и предлозите на МТСП да ги усогласат внатре во институциите.
„До крајот на неделата верувам дека четврток, петок, ќе го имаме конечното решение“, рече Тренчевска.
Просветните работници штрајкуваа со барање за зголемување на платите за 18 отсто, по што власта понуди покачување за 12 отсто. Во меѓувреме, се чека конечен договор.