Сообраќајка во Скопје - двајца се повредени
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020
Двајца се повредени во тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на крстосницата помеѓу улиците „Франклин Рузвелт“ и „Орце Николов“ во Скопје.
Возач на автомобил во алкохолизирана состојба удрил во друг автомобил. Ова го кажале очевидци на настанот. Тој се обидел да избега од местото на настанот преку тротоар и удрил во дрво.
Истрагата ќе утврди што точно се случило.
Страотна сообраќајка деновиве имаше во Трубарево, каде загина дете на возраст од 10 години.