СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува

Објавено во: Македонија 25 Март, 2025 12:46
Во координирана
акција на припадници на Министерството за внатрешни работи, синоќа биле
повикани во полициска станица сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката
„Пулс“, Дејан Јованов – Деко, пишуваат медиумите.
При приведувањето, на нив им биле одземени пет мобилни телефони.
Неофицијално, спорната фалсификувана лиценца од Министерството за економија ја земала ќерката на газда Деко.
На новинарско прашање дали е точно дека се приведени сопругата и децата на сопственикот на дискотеката и доколку е така, дали и тие се осомничени или се лица од кои се прибираат информации, од ОЈО одговорија ако има нови приведени обвинителството ќе извести.
Во врска со истрагата за трагичниот пожар во Кочани, Основното јавно обвинителство потврди дека во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на ОЈО и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази.
„Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“, информираат од Обвинителството.
Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, како и за осомничените и други лица.
Можеби ќе ве интересира
„БАРАЊЕТО НА ДУИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ИМА ИСТ ЕФЕКТ СО ГУРАБИИТЕ И КЕКСИТЕ“: ВЛЕН со остра критика за интегративците
НЕМА ВЕЌЕ КОРИСТЕЊЕ ПРОИЗВОДИ КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИ ВО ЕУ – новини во Законот за фитофармација, се „заоструваат“ правилата

СВЕЖИ УТРА, ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И МНОГУ ТОПЛО: темепературите може да достигнат и до 30 степени

ПОЛИЦАЕЦОТ ДОБИЛ НАСОКИ ДА ВПИШЕ ТРЕТО НЕДОЛЖНО ЛИЦЕ ВО КАЗНЕНИОТ НАЛОГ - Тошковски најави кривична пријава за началник

ФИЛИПЧЕ НА ЗАЕДНИЧКА НА МАСА СО ЖЕНИТЕ ОД СДСМ ОД РАДОВИШ: Заслужуваат поддршка и достоинствен живот, а не популизам

ТРОЈЦА МАЖИ НА ВОЗРАСТ ОД 19, 21 И 48 ГОДИНИ СЕ ПУШТЕНИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ПЛОВДИВ - докторите им ја дадоа сета потребна нега, продолжува процесот на рехабилитација

ПРАТЕНИЧКАТА ЈОВАНА МОЈСОСКА ГИ КРИТИКУВА КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА НА ТОШКОВСКИ - утре во Собранието е интерпелацијата за министерот

ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ ГИ РАСЧИСТИ ДИЛЕМИТЕ: Нема да има предвремени парламентарни избори, стабилни сме

НА 43 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА ИВАН ИЛИЕВ, ЕДЕН ОД НАЈНЕОБИЧНИТЕ МАКЕДОНСКИ ФОТОГРАФИ - во последните години живеел во Сан Франциско
