Сопружници од Сараево кои немаат деца сакаат да го посвојат бебето извадено од под урнатините во Сирија
Објавено во: Свет 08 Февруари, 2023
Двојка од босанскиот главен град Сараево сака да го посвои бебето родено под урнатините во Сирија.
Се работи за женско бебе, кое е здраво и е пренесено во болница. Во редакцијата на Аваз се јавил млад брачен пар кој сака да го посвои бебето. Мајката на девојчето почина, а тоа нема други членови на семејството.
„Ве молиме да ни помогнете, да дојдете до ова дете и да му пружиме бескрајна љубов и утеха. Објавете вест, да се знае дека во Сараево постојат двајца млади луѓе кои немаат свои деца, а кои би сакале да го посвојат ова бебе и да му ја пружат сета љубов на светот“, изјавила младата жена за Аваз.
Кај бебето не била одвоена папочната врвца со мајката, што е доказ дека жената за време на земјотресот го родила девојчето. Црниот биланс расте. Во Сирија и Турција во земјотресот загинаа над 11.000 луѓе.