30 Ноември, 2020
0.0250

Сопственикот на странскиот инвеститор „Саген“ вмешан во тежок скандал во Албанија

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2020

Косопственикот на албанската „Саген“ која е претставен странски инвеститор во земјава е во фокусот и еден од главните актери на скандал кој овој октомври ја тресе албанската јавност. Исуф Бербери кој своевремено ја најави во Македонија новата фармацевтска компанија во зоната Бунарџик, сега во Албанија треба да докажува дали е виновен во истрага за шема на измама во Националната агенција за природни ресурси. Според известувањата на најрелевантните албански медиуми, тој е еден од двајцата бизнисмени кои направиле штета од 1,5 милиони долари. Двајцата се сопственици на компанијата „Феникс Петролеум“ вмешана во скандалот. Исуф Бербери освен што е косопственик на компанијата „Феникс Петролеум“, се јавува и како сопственик на фармацевтската компанија „Фуфарма“, како и на други компании, а во јавноста е познат како пријател на претседателот Илир Мета.


Бербери во 2018 година најави изградба на фабриката „Саген“ во земјава  Во објектот во Македонија тербаше да се произведуваат инфузни раствори и генерички лекови од кои најголемиот дел да бидат наменети за извоз. Беше предвидено инвестицијата да се реализира во две фази. Во првата фаза да се вложат 6,5 милиони евра и да се вработат 60 до 70 лица, а во втората инвестицијата да достигне до 30 милиони евра, а бројот на вработени до 300.

Сепак пред две недели Владата и дала дозвола на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони за да го раскине договорот со фармацевтската компанија „Саген“. Договорот се раскинува оти компанијата не ги исполнила обврските од договорот за закуп односно навреме не почнала со инвестицијата. Но овде не завршува нашиот линк со оваа компанија. Директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски за Фактор вели дека компанијата се уште е активна во земјата. Имала своја фирма и регистрирала лекови во Агенцијата за лекови Малмед. Тој најави дека е можно потпишување на нов договор со фирмата на Бербери. Ова би се реализирало ако се оствари најавата на Бербери дека тој не се откажува од фабриката од Македонија. Новата инвестиција треба да е до 50 милиони евра.

„Компанијата не ги исполни обврските од договорот, но не успеаја поради технички процедури со парцелите и некои други процедуралности. „Саген“ најави дека има намера и план да ги продолжи активностите во Македонија. Тоа зависи од нив, вели Младеновски за Фактор.

На најавата на инвестицијата освен Бербери тогаш во Бунарџик присуствуваше премиерот Зоран Заев. Церемонијата почна со засадување на над 300 години старо маслиново дрво како симбол на мирот и пријателството. Ова беше најавена како прва албанска инвестиција. 


„Во објектот во Скопје со напредна најсовремена технологија ќе се произведуваат стерилизирани фарамцевтски производи кои ќе можат да се извезуваат насекаде во светот. Ќе има и специјализирана лабораторија што ќе ги исполнува европските стандарди и GMP нормите. Нашето мото ќе биде „Вашето здравје, наша грижа“, рече сопственикот на компанијата Исуф Бербери во својот говор.

Тој нагласи дека „Саген“ е компанија ќерка на „Фуфарма“, фирма која постои од 1946 година и делува во Албанија и други балкански земји и посочи дека засадувањето на маслиновото дрво е симбол на мирот и пријателството меѓу двете соседни земји.

Во меѓувреме сепак Бербери води нов фронт со нафтениот бизнис. Некои информации се дека тој добил доверливи информации дека ќе биде апсен па избегал. Оваа негова дејност не е поврзана со фармацевтската, но каква ќе биде разрешницата засега не се знае. 

Александра Томиќ

Можеби ќе ве интересира

КРИЗАТА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Се намалил бројот на работници во индустријата

КРИЗАТА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ: Се намалил бројот на работници во индустријата

Доларот паѓа, повеќе не е водечка валута во светот

Доларот паѓа, повеќе не е водечка валута во светот

НОВИ 15.000 ЛУЃЕ БЕЗ РАБОТА: Зошто се зголеми невработеноста?

НОВИ 15.000 ЛУЃЕ БЕЗ РАБОТА: Зошто се зголеми невработеноста?

Јагнешко, ајвар, сирење од Македонија во маркетите Лулу во Катар

Јагнешко, ајвар, сирење од Македонија во маркетите Лулу во Катар

Точете пред полноќ: Поскапуваат бензините и дизелот

Точете пред полноќ: Поскапуваат бензините и дизелот

Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето - Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

Петто годишно истражување за бизнис опкружувањето - Бидете дел од најголемата проценка на бизнис средината

Крешник Бектеши: Трговците на мало ќе работат в недела, а ќе има измени за тие на големо

Крешник Бектеши: Трговците на мало ќе работат в недела, а ќе има измени за тие на големо

Антикорупциска утврди судир на интереси кај членот на РКЕ Атанаско Тунески

Антикорупциска утврди судир на интереси кај членот на РКЕ Атанаско Тунески

Оштетени штедачи на Еуростандард банка: Ултраризични кредити се делени на вересија

Оштетени штедачи на Еуростандард банка: Ултраризични кредити се делени на вересија