23 Април, 2024
0.0301

Помалите домашни фирми најчесто имаат партнери од регионов

Објавено во: Македонија 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Малите и средните фирми од Северна Македонија најмногу извезуваат свои производи и услуги во регионов, информираат од ЕЕН- Македонија.

„Од нашите податоци со кои располагаме, можеме да забележиме дека најголема соработка компаниите од земјава имаат со фирмите од регионов, но и со Германија“ изјави професорот Виктор Стојмановски.

На денешната прес конференција во Стопанската Комора на Македонија беше презентирана  мобилната апликација „Ино Биз“. Оваа мобилна апликација е алатка преку која малите и средните претпријатија од земјава можат многу полесно да дојдат до информации од базата на ЕЕН (ENTERPRISE EUROPE NETWORK), информации со кои компаниите можат многу полесно да се вмрежат со компании од европскиот и светскиот пазар.

Целта на оваа алатка е зголемување на трансферот на технологии кај малите и средните претпријатија и да се зголемат научно истражувачките проекти.

Мобилната апликација е бесплатна и е достапна на две платформи.

Компаниите преку оваа алатка можат многу полесно, но и побрзо да дојдат до странски партнери, но исто така да се запознаат и со најновите информации кои ги имат или нудат светските компании, но исто така можат и преку оваа алатка да аплицираат и за грантови.

Мобилната апликација во моментов ја користат над 300 фирми од Северна Македонија.  Дел од овие компании преку настаните кои можат редовно да ги следат на апликацијата имаат земено учество на неколку интернационални настани.  Најголем број од фирмите кои ја користат „Ино Биз“ апликацијата се од Информатичко технолошката дејност.

ЕЕН – Македонија постои повеќе од десет години во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...