29 Март, 2024
0.0440

СОС Детско село и Нептун навиваат заедно во недела

Објавено во: Мои пари 11 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Во рамките на партнерствата на СОС Детско селосо корпоративниот сектор, се реализира нова соработка - долгорочно стратешко партнерство со компанијата “НЕПТУН” Македонија. Двете организации ќе соработуваат во реализација на активности од областа на Општествена одговорност, при што СОС Детско ќе биде клучен партнер на “НЕПТУН” Македонија за остварување на нивните ИМПАКТ цели преку реализација на активности во областа на децата  и младите од ранливите категории. 

Како почеток на оваа соработка “Нептун” Македонијаорганизира едиствена можност и децата и младите од СОС Детско село да можат да ја доживеат еуфоријата од историскиот пласман на нашата држава на Европско првенство и да можат на вистински начин да ја бодрат нашата репрезентација и да ги запознаат најмоќните фудбалски репрезентации.

На 13 Јуни во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените од “НЕПТУН”Македонијазаедно содецата, младинците и нивните згрижувачи и ментори ќе го гледаат првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на “НЕПТУН” Македонија обезбедени се сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање, а заеднички ќе се погрижиме да бидат следени сите мерки и протоколи за безбедност.

За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на НептунМакедонија изјави:

Општествената одговорност на нашата компанија отекогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година ја дополнуваме со нови иницијативи за придонес кон општеството од кое сме дел, во кое работиме и се развиваме. Иницијативата за поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше за креирање соработка низ која ќе можеме да ги вклучиме и нашите вработени, и тие да бидат дел од компаниската гордост. Тим билдинзи, волонтерски активности со вработените на „Нептун“ и програми на СОС Детско село, обуки за стручни знаења во областа на сервисирање на бела техника и продажба, се само дел од агендата. За нас ова е од големо значење, особено во оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите ги започнуваме со следење на првиот натпревар на македонската репрезентација на теренот во СОС Детско село со дел од вработените на „Нептун“, вработените на СОС Детско село и децата. Домашната атмосфера ќе ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и очекуваме сета таа позитивна енергија да донесе среќа и за нашата репрезентација.

За значењето од дологорочни партнерства за СОС Детско село изјави националната директорка Јулијана накова Гапо:Ова партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи долгорочната соработка со НЕПТУН ќе придонесе за стабилност и континуитет на работата за задржување на децата во своите биолошки семејства, за топол дом и љубов за секое детеи младинец од СОС Детско село и за осамостојување на младите во социјален ризик.

Покануваме новинар и камерман на 13 Јуни 15 минути пред почетокот на фудбалскиот натпреват и тоа во 17.45 минути во СОС Детско село за подготовка на прилог за овој настан.

Секој заинтересиран новинар замолуваме првенствено да се најави на контакт лицето за да се спреми водич за посетители во СОС Детско село и да се добие акредитив и насоки за снимање во организацијата.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт