20 Април, 2024
0.0274

СОС Детско село со нова кампања „СОС Суперхерои“

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Со овој повик, СОС Детско село ги повикува сите граѓани да го разбудат суперхеројот во себе и да се приклучат во најновата кампања „СОС Суперхерои“. Вклучувајќи се во оваа кампања, секој ќе може да донира и да ја даде својата поддршка на децата без родителска грижа и социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 18 години.

Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе, на оние кои веруваат во работата на СОС Детските села, во нашата мисија и цел, а целта нам, во СОС Детско село ни е да понудиме топол дом, среќно детство и секојдневие какво што уживаат сите други деца.

Зошто суперхерој? Затоа што на децата за кои се грижи СОС Детско село им е потребен херој, инспирација, лик со кој ќе се идентификуваат. Зошто да не сте тоа Вие? А, како сево ова може да се оствари? Едноставно, секој што ќе одвои средства, во рамки на своите можности и донира online преку веб страницата на СОС Детско селоќе биде нашиот Суперхерој и не само наш, со својот позитивен пример ќе биде Суперхерој за сите и деца и возрасни.

Кампањата ќе трае три месеци, во кои ќе може да се докаже македонската хуманост, хуманоста на овој народ, за која се прикажува нашироко а ќе можете да ги покажете и докажете и Вие своите Супер моќи. „Суперхерој сте за луѓето околу себе и за оние на кои најмногу сте им потребни. Суперхерој сте доколку давате позитивен пример, доколку помагате... Затоа, ние од СОС Детско село, повикуваме: Бидете и Вие, биди и ТИ СОС Суперхерој! Тоа е нашата водилка, нашата идеја во најновата кампања на СОС Детско село - „СОС Суперхерој“.

Во рамки на оваа кампања, која пред сè, ќе се води преку социјалните мрежи, ние, од СОС Детско село, ќе бидеме присутни три пати неделно во Синеплекс во Сити мол, секој вторник, четврток и сабота од 18:00 до 20:00 часот каде ќе имате можност да дознаете повеќе за нашата работа и да донирате. Првата ваква можност граѓаните ја имаа вчеравечер во Синеплекс.

Кампањата на СОС Детско село „СОС Супер - херој“ повикува на акција ВЕДНАШ, бидете и Вие суперхерој, бидете пример за сите деца и поттикнувате ја хуманоста кај нив уште од најмали нозе.

Линкови за донација

Facebook link -https://www.facebook.com/detskoselomkd/ 

Instagram link -https://www.instagram.com/sosdetskoselomakedonija/ 

Интернет страница за донирање -https://sos.org.mk/sos-superheroi/ 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!