Соседите најчесто се селат во Австрија, а најдолго остануваат во Франција
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2019
Во просек српските граѓани во странство престојуваат и работат 11 години, а во Франција остануваат 14 години.
Србите најчесто се селат во Австрија, а најдолго остануваат во Франција, Швајцарија и Германија.
Во Канада остануваат 10.4 години, а во САД престојуваат по 8.6 години.
Според податоци од 2011 година, во странство престојувале и работеле 313.411 луѓе, а следниот попис и следните податоци ќе бидат во 2021 година.
Од 90-те години од Србија се иселуваат млади луѓе.