14 Мај, 2025
0.0395

СОСТАНОЦИ СО ЕНЕРГЕТСКИ И ГРАДЕЖНИ МАГНАТИ ВО ДУБАИ - како Македонија да се најде на нивната мапа за инвестиции

Објавено во: Економија 17 Април, 2025 12:05

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски преку својата официјална фејсбук страница информираше за повеќе остварени средби со инвеститори, за време на неговата посета во Дубаи.
„Во рамкитe на мојот престој во Дубаи остварив повеќе средби меѓу кои со Мохамед Алабар, основач и управен директор на Eagle Hills, со Мохамед Хасан Ал-Суваиди кој е директор на Абу Даби развојна холдинг компанија која е главен глобален инвеститор, како и со Мохамед Јамеел Ал Рамахи, извршен директор на Масдар Енерџи Инвестмент Компани, една од најголемите светски инвеститори во обновлива енергија и двигатели на енергетската транзиција.

1.Иналу Игл Хилс е приватна компанија за инвестирање и развој во недвижнини со седиште во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати. Компанијата веќе има инвестирано во Албанија, Унгарија и Србија.

2.Абу Даби развојниот холдинг од 2023 година е меѓу 10-те најдобри светски суверени фондови по обем на инвестиции.

Само за илустрација во 2024 година, ADQ и владата на Египет потпишаа договор за ADQ да инвестираат 35 милијарди американски долари во развојот на Рас ел-Хекма на египетскиот медитерански брег. Договорот му дава право на ADQ да развие 130 милиони квадратни метри земја, и е најголемиот договор за странски инвестиции во историјата на Египет.

3. Додека Масдар е пионер во чистата енергија, позиционирајќи ги ОАЕ на чело на светската енергетска транзиција.

Масдар е присутна и поддржува повеќе од 40 земји во нивната енергетска транзиција.

Со сите овие компании разговарав за проекти, можности и планови за инвестирање во Македонија која како држава доцни во лобирањето да се најдеме на инвестициската мапа на овие светски економаки гиганти. 

Ги преставив можностите за инвестирање во Македонија и нашите напори да се најдеме на мапата на светските инвеститори. Контактите продолжуваат и нашата борба за напредок и развој“, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил. 


Можеби ќе ве интересира

„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Во последен момент измена на Законот за енергетика? Цени на струјата и горивата ќе ни одредуваат експерти новодојдени од енергетски компании

Во очекување на трговски договор: пазарите во режим на претпазливост

Во очекување на трговски договор: пазарите во режим на претпазливост

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

Мицкоски: На 20 мај Народна банка ќе добие гувернер

ЕУ СО НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА - меѓу новите 17 мерки се цели кон „флотата во сенка“ и воената индустрија

ЕУ СО НОВ ПАКЕТ САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА - меѓу новите 17 мерки се цели кон „флотата во сенка“ и воената индустрија

ТРАМП ЈА „ПРЕГРНУВА“ КИНА И УДИРА ВРЗ ЕВРОПА: Брисел е последен на ред за трговски договор со Америка

ТРАМП ЈА „ПРЕГРНУВА“ КИНА И УДИРА ВРЗ ЕВРОПА: Брисел е последен на ред за трговски договор со Америка

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Во Стопанската комора дискусија за иднината на македонската економија

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

Фактор анализа ГЕВГЕЛИЈА 2024: Кој ги врти големите пари во Гевгелија? „Од станица до граница“ лани направија 225 милиони евра!!!

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани

ЧИСТ ПРОФИТ ОД 680 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - „Адинг“ во првиот квартал имаше добра заработка, но каква е споредена во однос на лани