25 Април, 2024
0.0280

Состанок на Конституенцата: Со реформи до поправеден систем за сите

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

На централниот дел од Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ) којшто се одржува денес во Скопје, се дискутира за една од најважните економски теми на денешницата: „Како до поправеден систем за сите?“ Настанот започна со поздравно обраќање на премиерот Зоран Заев, по што свои излагања имаа министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, како и директорите во ММФ и Групацијата на СБ задолжени за Конституенцата, Антони де Ланој и Кун Давидсе. Во текот на првиот дел од Состанокот, своја презентација одржа и потпретседателот на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

Според податоците на коишто, меѓу другото, во своето излагање се осврна гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, зголемувањето на доходовната нееднаквост, почнувајќи од 1980 година е глобален феномен речиси секаде, иако со различен интензитет во различни земји. Инаку, во нашиот регион, учеството на најбогатите 10% во вкупниот доход е околу 29%, што е помалку во однос на Западна Европа. Но и ние, следејќи ги политиките и препораките на ММФ и Групацијата на Светската банка треба да бидеме двигатели на процесите коишто треба да доведат до поправеден систем за сите.

„Особено е важно сите ние, како носители на економски политики, да го насочиме нашето внимание кон осмислување и спроведување реформи за посилен и поинклузивен економски раст, што, пак, би довело до поеднаква распределба на доходот во светски рамки.“ – истакна Ангеловска-Бежоска. Притоа, таа изрази надеж дека во блиската иднина ќе бидеме сведоци на намалување на јазот во приходите и на намалување на нееднаквоста во општествата во земјите од Конституенцата, што ќе придонесе тие да бидат попрoсперитетни и поправедни. Но, и укажа дека за да се случи тоа, неопходна е решителност, посветеност и визија од носителите на политиките.

Гувернерката ја нагласи неопходноста и важноста од дискусиите на денешниот состанок, коишто ќе бидат фокусирани на потенцијалните политики што би можеле да се користат во справувањето со предизвикот на нееднаквоста на глобално ниво – политики коишто ќе подразбираат зголемување на пристапот до пазарите, зголемување на финансиската инклузија, инвестирање во човечкиот капитал, финансиски и регулаторни реформи што би ја зацврстиле примената на законите и би промовирале фер и конкурентна пазарна средина. 

На отворањето на настанот беше истакнато дека со спроведување економски реформи исо вложување во човечкиот капитал – во здравството, образованието и социјалната заштита, може да се намали нееднаквоста и да се постигне поправеден систем за сите.

Премиерот Заев изрази задоволство од укажаната чест нашата земја да биде домаќин на овој значаен меѓународен настан. Во свото излагање тој истакна дека Република Северна Македонија преку спроведување економски реформи и успешни фискални политики е посветена на градење на праведно општество со еднакви можности и силна економија којашто ќе отвора шанси за сите.

„Преку буџетските механизми на редистрибуција на буџетот, финансиските средства прибавени од праведниот данок денеска се користат за исплата на повисока социјална помош за 300%. Го проширивме правото на користење на образовниот и детскиот додаток од сегашните 3.000 на над 70.000 деца. Тоа е фер и еднаков пристап на државата кон сите свои граѓани. Само преку инвестиции и силно вложување во човечкиот капитал, а посебно во децата и младите луѓе нашата економија и држава имаат одржливи и долгорочни перпсективи за развој – рече премиерот Заев.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски истакна дека изминатиот период со реформите во системот на јавни финансии и воспоствената фискална дисциплина се создал фискален простор за да се зголемат инвестициите во човечки капитал.

„Наша определбае да се вложи повеќе внимание и финансии за инвестирање во човечкиот потенцијал. Покрај социјалната реформа, издвоивме повеќе средства и за активните мерки за вработување, за изградба на нови градинки, за што имаме поддршка и од ЕУ и Светска банка. Понатаму, постојано ги зголемуваме средствата за здравство и образование, вклучително и покачување на платите на лекарите и наставниците. Ова се најважните алки во синџирот, а слабите алки креираат слаби ученици и лошо здравство“ –рече Тевдовски.

Извршниот директор во ММФ, Ланој, во своето излагање истакна дека Северна Македонија е посветена на далекусежна програма за реформи и е конструктивен член на Конституенцата. Тој се заблагодари за гостопримството на нашата земја за делегатите на петнаесетте земји членки на Конституенцата.

На состанокот се обрати и извршниот директор во СБ, задолжен за оваа Конституенца, Кун Давидсе.

„Сите земји членки на Конституенцата ќе имаат поголем економски раст од регионалниот просек, а најголем напредок во реформите имаат Северна Македонија и Босна и Херцеговина“ – рече потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија.

На состанокот на Конституенцата, меѓу другото, ќе се разговара за сѐ поголемата нееднаквост во доходот, факторите коишто го предизвикуваат овој тренд, долгорочните и краткорочните последици од тоа врз економскиот раст, но и во повеќе други сегменти од општеството и инструментите и политиките коишто им стојат на располагање на носителите на политиките.

Учесници на состанокот се гувернери, министри за финансии и други високи претставници на централните банки и министерствата за финансии на земјите членки на Конституенцата и високи претставници на ММФ и Групацијата на Светската банка, меѓу коишто се и директорите на одделите за Европа и за фискални работи во ММФ, Пол Томсен и Витор Гашпар, потпретседателите на Групацијата на СБ за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и за човечки капитал, Анет Диксон и потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Латинска Америка, Карибите, Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер. Учесник на овој значаен настан е и истакнатиот професор на Чикашкиот универзитет, Луиџи Зингалез, којшто е главен говорник и учесник на една од панел-дискусиите.


Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди