24 Март, 2019
0.3536
    ADIN 691    0%     ALK 8430.59    0.36%     GRNT 826.25    2.01%     KMB 5672.66    -0.24%     MKSD 211    -0.27%     MPOL 389    0%     MTUR 5030    -1.37%     RMDEN17 98    -0.28%     RZLE 18    -14.29%     STB 1180    -1.31%     STIL 112.87    -0.99%     UNI 2300.35    0%

Состојбата е поалармантна од претходно, затворањето на обложувалниците не го намали обложувањето

Објавено во: Мои пари 14 Март, 2019


Одлуката на албанската влада да стави клуч на повеќе од 4000 обложувалници, остави 8000 луѓе без работа, додека загубата на приходот на државата се проценува на повеќе од 51 милиони долари на годишно ниво. Албанскиот парламент минатата година усвои закон, забранувајќи спортско обложување и други облици на игри на среќа од почетокот на 2019 година, наводно, во обид да се справи со зависноста и да ги заштити финансиите на домаќинствата, а регионалните медиуми пишуваа дека премиерот Еди Рама ги затворил обложувалниците поради својот брат. Имено, откако Рама ги затвори обложувалниците, во Албанија обложувањето стана можно само преку обложувалницата на неговиот брат Олси Рама „Баст Арена“,а објектите каде се врши обложување и други игри на среќана отворено или тајно, ќе бидаттретирани како парцели засадени со канабис.

Што се случува по донесувањето на законот во Албанија?

Асоцијацијата на обложувалниците во Албанија апелираше дека обложувањето ќе продолжи и покрај забраната, но илегално. Тоа и се потврди и на терен. Албанците продолжија да се обложуваат „на црно“ во скриени места, некои компании земаа лиценци за он-лајн обложување во европски држави и со овие лиценци работат во места „маскирани“ како кафулиња. Државата целосно ја загуби контролата над нив, а парите за данокот, наместо во државната каса, завршуваат во џебот на споствениците на компаниите.

Пред еден месец Албанската полиција спроведе рација во објектите за кои имаше сомневање дека работат како спортски обложувалници „на црно“ и пронајде повеќе од 2600 адреси за он-лајн обложување.

Албанските експерти за последиците од законот

Деканот на Економскиот Факултет во Тирана, Матео Спахо  за “Газета Шкипатаре’ изјави дека затворањето на спортските обложувалници може да има ризични последици, бидејќи законот за игрите на среќа ќе предизвика криза во економијата и кај луѓето вработени во овој сектор.

И други економски експерти сметаат дека затворањето на објектите – приредувачи на игри на среќа не е решение, туку дека треба да се најде компромис со компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, вработените, па и луѓето кои ги сакаат игрите на среќа.

Анализите на психолозите кои следат што се случува со играчите на игрите на среќа после спроведувањето на законот во Албанија, велат дека состојбата сега е многу по алармантна од претходно. Луѓето кои сепак сакаат да играат се кријат на ризични места, каде што државата нема никаков пристап, а затворањето на обложувалниците воопшто не го намали обложувањето.

Иако поранешниот Министер за Економија, Арбен Ахметај, вети дека луѓето кои останаа без работа со овој закон, ќе се вработат, тоа досега не се случи. Гневот кај овие граѓани расте и станува се поверојатно дека многу скоро тие ќе ги преполнат улиците со протести.


Можеби ќе ве интересира

Дел од жителите на Студеничани добија вода, а дел не

Дел од жителите на Студеничани добија вода, а дел не

По средбата Жбогар -Азески- Каков ќе биде патот на бизнисот кон ЕУ?

По средбата Жбогар -Азески- Каков ќе биде патот на бизнисот кон ЕУ?

Прекин во водоснабдувањето и санирани дефекти

Прекин во водоснабдувањето и санирани дефекти

Перо Антиќ на чело на Олимпискиот совет и усвојување на меморандумот за автономија и независност

Перо Антиќ на чело на Олимпискиот совет и усвојување на меморандумот за автономија и независност

Боб Марли: Само еднаш во животот ќе најдеш некој кој целосно може да го преврти твојот свет

Боб Марли: Само еднаш во животот ќе најдеш некој кој целосно може да го преврти твојот свет

Меѓународна премиера на Готлиб на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао, Шпанија

Меѓународна премиера на Готлиб на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао, Шпанија

(ГАЛЕРИЈА) Porsche го претстави Cayenne Coupé

(ГАЛЕРИЈА) Porsche го претстави Cayenne Coupé

Бизнис понуда од Неотел за мали и средни фирми

Бизнис понуда од Неотел за мали и средни фирми

Успешната дигитална трансформација е равенство помеѓу техничката револуција и еволуцијата на Mindset-от

Успешната дигитална трансформација е равенство помеѓу техничката револуција и еволуцијата на Mindset-от