СОСТОЈБАТА НА КОСОВО СЕ СМИРУВА: Уапсени се повеќе од 20 луѓе, се симулираше и двоглав орел
Објавено во: Балкан 28 Мај, 2019
Aкцијата во Косово заврши, а повеќе од 20 луѓе се уапсени.
Специјалната косовска единица РОСУ спроведе акција на северот на Косово, во која, според пишувањата на српските медиуми, е уништен дел од селото Доње Вараге.
Тоа е последното разгорување на тензиите помеѓу Белград и Приштина, што косовските власти го опишаа како „операција против шверц и организиран криминал“.
„Големите сили реагираа и кажаа дека ова нема врска со борбата против криминал, туку е пречекорување на мерките. Од сите уапсени, дали двајца-тројца имаат врска со криминал. Тоа е само изговор за заплашување на српскиот народ“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, кој претходно ја стави војската покрај границата во состојба на борбена готовност.
Вучиќ нагласи дека косовските сили пукале со боева муниција во Зубин Поток, а српските медиуми кажаа дека има повеќе повредени.
Косовските медиуми објавија дека меѓу уапсените има Срби, Албанци и Босанци, кои работеле во полиција.
Косовските специјалци се повлекоа од подрачјето на Зубин Поток по петчасовна операција, при што е направена значителна материјална штета на куќи и автомобили, објави агенцијата „Танјуг“.
По повлекувањето на полицијата еден од припадниците на специјалните сили позира пред фоторепортерите и камерите со покажување на симболот на двоглав орел, пренесува порталот телеграфи.
фото АП