24 Април, 2024
0.0297

СОСТОЈБАТА СО СТРУЈАТА Е АЛАРМАНТНА, ЦЕНИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА ПЕТ ДО СЕДУМ ПАТИ - комората бара државата да го зголеми домашното производство

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Состојбата со снабдување со електрична енергија за компаниите во земјава е алармантна, информираше на денешната пресконференција Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

„Цените на електричната енергија на светските берзи пораснаа до 250 евра за мегаватчас, што е раст за пет до седум пати, а уште поалармантно е тоа што нема ни најави дека оваа цена ќе се намали во догледно време. Цената на фјучерсите расте. А, зимата уште не ни дошла како што треба, што не значи дека нема да биде долга“, објаснува Пешев.

Тој вели дека компаниите членки на комората уште на стартот на октомври почнале да соопштуваат загрижувачки информации дека трговците им ги прекинуваат договорите за снабдување и им нудат нови договори со драстично повисоки цени и пократки рокови. Набргу потоа речиси сите компании се јавиле со такви жалби, дека договорите им се прекинуваат, а им се нудат нови со три пати, четири пати, па дури и пет пати повисоки цени.

„На 8 октомври свикавме итен состанок во комората со сите чинители, односно ЕСМ, МЕПСО, Регулаторна комисија за енергетика, и од нив слушнавме многу загрижувачки информации. Регулаторот ни кажа дека нема механизам со кој може да се натераат трговците да им ги продолжат договорите на фирмите, и дека единствено што може да се направи е да им се одземат дозволите за увоз, што е неприфатливо, бидејќи ќе треба да се набавува струја од слободниот пазар, а таму цените се сосема непредвидливи, но и малите фирми не можат ни да настапат на тој пазар, односно таму ќе бидат сосерма незабележителни. За трговците кои не ги исполнуваат договорите, компаниите од регулаторот беа упатени на судски процеси, што за нив е сосема неприфатливо бидејќи тие процеси се многу бавни, а состојбата е ургентна“, објкасни Пешев.

На состанокот се заклучило да се бара од државата да го зголеми домашното производство на струја, преку набавка на јаглен за РЕК Битола, како и да се активира ТЕЦ Неготино, која работи на мазут.

„Ние како комора го вклучивме алармолт дека треба да се најде извор на струја кој нема да биде увоз од надвор. Сакаме да видиме повеќе производство од нашите домашни капацитети, со предвидлива и одржлива пазарна цена, која сепак ќе биде пониска од онаа  на светските берзи, за нашите фирми да можат да оостанат. Бидејќи, ако се продолжи да се набавува по овие цени, некои компании, особено од прехранбената индустрија, ќе бидат принудени да стават и клуч на врата. Како што гледаме, слаби се шансите за набавка на јаглен, и тоа се покажа тешко за обезбедување, пред се од Грција каде се затворени тие капацитети веќе подолго време, поради обврските за екологија кон ЕУ. За да проработи ТЕЦ Неготино, пак, потребен е долг период на подготовка, а состојбите се ургентни“, вели Пешев.

Некои фирми кои имаат странски инвеститори од Европската унија, успеале оттаму да обезбедат струја, но проблем, како што вели Пешев, е што не можат да ја донесат во земјава, бидејќи не се авторизирани и немаат лиценци за увоз на струја.

Сега Комората има големи  надежи за активирање на ТЕЦ Неготино, која работи на мазут, и чија цена досега не била атрактивна. Дел од компаниите членки на комората, а особено една големна компанија, покажала интерес таа да помогне и да обезбеди мазут за ТЕЦ Осломеј, со цел да се скратат биократските процедури, а за тоа да не наплати пари, туку да преземе потоа од произведената елкектрична енергија по пониска цена од пазарната, а остатокот струја да и се отстапи на ЕСМ. Но, државата застанала на ставот дека сака сама да го истера вклучувањето на ТЕЦ Неготино, и дала ветување до фирмите дека тоа е можно на крајот на овој или почетокот на наредниот месец.

Компаниите во коората се мобилизираат и се обидуваат и со здружени сили да набават струја, а за таа цел веќе е формирана и заедничка фирма „ККУ Глобал“, чиј управител е токму Антони Пешев. Намерата е таа фирма директно да обезбеди струја од светските пазари, а не преку трговците, и тоа да се обезбеди поголемна количина и по не толку високи цени, односно цени барем нешто пониски од берзанските. Тоа би бил еден гарантен фонд за добавувачите за овие тешки услови. Но, таа фирма стои како резервна варијанта и се уште не е активирана, односно нема ни да профункционира доколку се нормализира пазарот.

Проблемот е што таа фирма нема лиценци за увоз на струја.

„Во нормални околности тие дозволи не би ги добиле ниту за една година, но сега РКЕ се однесува пријателски кон нас за ова прашање, не не одбива. Целта со оваа фирма е да имаме подготвен механизам, доколку се укаже можност, да делуваме интервентно, односно да се набави таа поголема количина на струја“, објаснува Пешев.

Тој очекува дека оваа идеја нема да им се допадне на трговците со струја и тие ќе бидат против, но треба да се знае дека целта на таа фирма не е да работи со профит, туку да ги задоволи ургентните потреби. Тврди дека овде нема ништо тајно и дека ако излезе дека тоа не е можно, фирмата не мора ни да профункционира.

„Ургентни состојби бараат ургентни мерки. Мора да направиме се нашите членки компании да не останат без струја. Како што рече и српскиот претседател Вучиќ, ќе молиме и раце ќе бакнуваме, само да се обезбеди електричната енергија“, објаснува Пешев.

Тој објасни и дека помалки компании од земјава, и покрај тоа што имаат пари, нема како да обезбедат електрична енергија за своите потреби.

За илустрација, во соседна Албанија е уште поалармантна состојбата со снабдувањето со струја, која главно се потпира на хидрото, а во тој дел се сосема неповолни временските услови. Таа земја веќе има потрошено 230 милиони евра досега за набавка на електрична енергија, а се проценува дека тој износ ќе достигне една милијарда евра.  

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава