26 Април, 2024
0.0272

South Central Ventures инвестираше во Македонска НЕТи за развој на софтвер за интернет и безбедност на податоци

Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

НЕТи е прва компанија која е ориентирана кон интернет и безбедност на податоци во портфолио од 27 компании, поддржани од South Central Ventures. Компанијата ги решава дигиталните закани кои постојано се зголемуваат со едноставнен plug & play производ, со еден клик подесувања. Компанијата нуди дигитални решенија за безбедност на Интернет и податоци за сите типови на бизниси како и за  приватни корисници, наменети пред се за родители. НЕТи ќе ја искористи инвестицијата за развој на бизнисот во регионот и проширување на нивниот тим.

Сајбер-безбедност со еден клик

Интернетот нуди нови можности скоро во секое поле на деловна активност. Сепак, интернетот има свои недостатоци како што е компјутерскиот криминал, каде компјутерите се користат за разни видови кражби и криминал. Во просек еден сајбер напад ги чини малите бизниси 53.987 долари или може да достигне милиони за средни или големи компании. Ова е моментот кога компаниите што се занимаваат со интернет и решенија за безбедност на податоците влегуваат во игра. Компанијата НЕТи ги заменува комплицираните, скапи решенија кои доаѓаат со високи трошоци за одржување со иновативни, лесни за користење производи кои функционираат во било која постоечка инфраструктура и можат да се имплементираат само со неколку клика.

Инвестицијата, предводена од South Central Ventures, ќе му помогне на НЕТи да ја оствари својата цел да стане клучен играч во полето за безбеден пристап до интернет и безбедност на податоци.

„Веќе преговараме со телеком компании во Македонија и во Косово и ги тестираме нашите производи со големи корпорации во Македонија, како што се ЕЛЕМ А.Д. и Еколог Интернационал. НЕТи веќе генерира приходи и е во завршна фаза на затворање на договори со повеќе клиенти. Нети . Инвестицијата ќе ни овозможи да го зголемиме тимот и да го забрзаме процесот на проширувањето на компанијата во регионот“, потенцира основачот и извршен директор Бујар Абдулаи.

Следните чекори за НЕТи

Мисија на компанијата е да понуди најконкурентни производи на пазарот во однос на цени и функционалности. Во НЕТи планираат да воведат нови функции и производи кои ги дополнуваат постојните. Во моментов тие се фокусираат на AI технологија за безбедност на интернет и податоци. Првата имплементација на оваа технологија ќе биде алатка за управување со перформансите, која ќе го следи, анализира и обработува однесувањето на уредот, историјата на сообраќајот, моделите на комуникација и слично за да ги спречи заканите навремено.

„Во South Central Ventures, ја препознаваме важноста на безбедноста на интернет и на податоците во секоја деловна активност. Тимот на НЕТи нè убеди со нивното 20-годишно професионално искуство во ИТ-индустријата и страста за поедноставување на корисничкото искуство во инаку сложеното поле за заштита од дигитални закани. Со нетрпение очекуваме да изградиме успешен бизнис околу нивните решенија и да помогнеме дигитално да ги заштитиме компаниите во различни пазари“, вели Татјана Забасу, Управувачки партнер во South Central Ventures.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет