Совети кога треба да почнете да штедите
Објавено во: Финансии 23 Март, 2019
Според експертите од iBroker Antoni Castel institut, луѓето треба да почнат да штедат уште од првата плата, пишува Бизнис инсајдер.
Тие наведуваат дека во различни животни доби, треба да практикувате различни видови вложувања.
Експертите велат дека со инвестирање треба да се почне што поскоро.
Се наведува дека дваесетите години се најдобри за ризични вложувања.
Во тие години луѓето немаат кредити или семејство, и затоа можат да се впуштат во ризични вложувања.
Иако во дваесетите години луѓето имаат мали примања, тоа не значи дека не можат да штедат.