Советникот кој го испрати Меркел со забелешки за нашата економија
Објавено во: Економија 22 Мај, 2019
Програмата за економски реформи не е само пополнување прашалници, не е тоа целта, рече Валтер Дефа германскиот советник во Владата, кого го испрати германската канцеларка Ангела Меркел за да помогне во економските политики.
Вели дека високиот степен на корупција, непочитувањето на законите и неплаќањето даноци се трите негативни сегменти кои не дозволуваат во целост да се имплементираат економските реформи во Македонија.
„Да се биде успешен во имплементацијата треба да се фокусирате на приоритетите. Приоритетите се важни бидејќи не може сè да направите во исто време и тоа е ризикот во ваков процес. Ако процесот не е ориентиран кон имплементација, тогаш ризикот е да се дегенерира во бирократска вежба. А, тоа не може да си го дозволите“, рече Дефа.
Министерот за финансии, Драган Тевдовски смета дека реформите треба да се спроведуваат заеднички со земјите-кандидати.