28 Март, 2024
0.0248

СОЗДАДЕНА ВО ДАЛМАЦИЈА, СНИМЕНА НА КРИТ: Приказната за евергринот „На Велигден“ на Џокси

Објавено во: Стил 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Рефренот е инспириран од баба ми Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден, откри познатиот музичар кој со оваа нумера успеа да испише историја во домашната музичка продукција

Во деновите пред и за време на најголемиот христијански празник Џокси секогаш ја има најслушаната песна во македонскиот етер. Празничниот хит „На Велигден“ го препеа и Ламбе Алабаковски, Пепа Димитрова лани сними етно-џез верзија, низ годините беа направени и неколку техно-обработки, но ниту еден од овие проекти не го достигна успехот на оригиналот. Авторот Ѓорѓе Васиќ кој со оваа нумера успеа да испише историја во домашната музичка продукција во повеќе наврати зборувал за создавањето на „На Велигден“.

- Рефренот е инспириран од баба ми Уранија и нејзината приказна за тоа како нејзиниот татко, мојот прадедо Коста, ѝ ги враќал стројниците кои упорно доаѓале за Велигден. Се сеќавам кога со неа бегавме преку прозор да не нè види татко ми како одиме во црква. Редовно палевме свеќи, бакнувавме икони и кршевме јајца–откри Џокси пред две години.

Целата приказна за тоа како е создаден овој голем Велигденски хит читајте на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи