СПАСЕНА БРИТАНКА КОЈА ПАДНАЛА ОД КРУЗЕР ВО ЈАДРАНОТ: Цела ноќ поминала во морето
Објавено во: Балкан 19 Август, 2018
Крајбрежната стража во Хрватска пронашла и спасила исчезната Британка која паднала во морето синоќа околу 23.45ч.
Екипажот на бродот на Хрватската воена морнарица врз основа на податоци добиени за состојбата на ветерот и морето во моментот на несреќа и прецизна пресметка за можна позиција на исчезнати личности во момент на доаѓање на бродот во подрачјето на потрагата воочила личност во морето, која со брза акција на пливачи спасувачи е спасена.
Британката е во добра здравствена состојба.