28 Март, 2024
0.0276

Спасовски: Избори затоа што вирусот ќе добива на интензитет наесен

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Во моменти кога партиите не можат да постигнат договор, институциите мора да ја преземат целосната одговорност и тоа беше и дебата на Советот за безбедност. Затоа сметаме дека овие 14 дена се период во кој треба да ги завршиме сите аспекти во делот со справувањето економската последици и со здравствената криза и за примена на сите мерки што ги презеде Владата за справување со пандемијата, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски со седницата на Советот за безбедност.

„Треба да ни биде јасно дека со пандемијата ќе мораме да научиме да живееме и понатаму: Тоа не е нешто што ќе заврши во Северна Македонија, ниту во светот. Едноставно, секој од нас, секој граѓанин, мора да биде свесен, да има одговорност дека мораме да живееме со пандемијата, и согласно тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување. Уште поважно е дека ние мораме да имаме институции кои што се функционални, институции кои што ќе функционираат, ќе носат одлуки во интерес на здравјето на граѓаните, во интерес на економијата, рече Спасовски.

Додаде дека поради тоа што нема функционален парламент институциите мора да преземат одговорност и во делот на одржување на парламентарните избори и на тој начин да се стават во полн демократски капацитет сите институции со Собрание, нова политичка Влада, која што понатаму ќе ги преземе сите активности за справување со здравствениот аспект на кризата, како и со економските последици.

„Сите анализи на нашите експерти и на Светската здравствена организација велат дека ова ќе трае, може да добива на интензитет на есен или во текот на зимата, и затоа ние не смееме државата да ја оставиме без институции кои што ќе функционираат во полн капацитет. Тоа е неодговорно кон граѓаните, кон здравјето на граѓаните, тоа нема да биде одговорно ниту пред економијата, и затоа ова е нешто како неминовност што треба да го преземат сите институции. Апелирам до граѓаните уште еднаш да ги почитуваме сите мерки и препораки, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија