Спасовски: Најавувам интензивни сообраќајни контроли за празниците
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју” на Канал 5 Телевизија најави интензивирање на сообраќајните контроли на МВР.
„Да се почитуваат правилата и прописите. Ние нема да го намалиме темпото, најавувам сега дека до крајот на оваа година, за празниците, и после Нова година, интензивно веќе уште ќе ги зголемиме нашите активности во делот на сообраќајот во урбаните средини, и на регионалните и на магистралните патишта, заради тоа што животот на граѓаните е многу важен за нас”, изјави министерот.
Спасовски истакна дека тенденцијата на МВР е да се намали бројката на жртви во сообраќајни незгоди.