Спасовски: Најитно ќе го разгледаме предлогот на Комисијата за заразни болести
Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020
Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска од Куманово рече дека Владата во што е можно пократок период ќе го разгледа предлогот на Комисијата за заразни болести од граѓаните на Србија, Косово , БИХ и Црна Гора да се бара негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа при влез во Македонија.
„Има таков предлог и во најитен момент ќе го разгледаме на владина седница“, рече денеска Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.
Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави ваков предлог до Владата и истото да важи уште од утре.
Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.