Спасовски повика од ВМРО-ДПМНЕ да предложат замена за Мизрахи
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил ги повика ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог за нов министер за труд и социјална политика, откако беше разрешената Рашела Мизрахи.
„Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување. Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија. Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ“, пишува тој.
Спасовски претходно побара разрешување на Мизрахи затоа што држеше прес-конференција пред пано на кое пишуваше Република Македонија, затоа што како што велат е прекршен Договорот од Преспа. Таа се бранеше дека паното не го сменила нејзината претходничка Мила Царовска.