28 Март, 2024
0.0287

Спасовски преку амбасадорот му испрати писмо со честитки на новиот руски премиер

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска го прими амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, неговата екселенција Сергеј Баздникин.

„На средбата премиерот Спасовски на амбасадорот Баздникин му предаде писмо со честитки до новоизбраниот претседател на Владата на Руската Федерација Михаил Машустин, со желби за успех во извршувањето на должноста и позитивни резултати кои ќе продонесат за натамошен сестран напредок на Руската Федерација и за благосостојба на пријателскиот руски народ“, стои во владиното соопштение.

Спасовски, во писмото до премиерот Машустин, како и на средбата со амбасадорот Баздникин, изразил уверување дека двете влади ќе продолжат да соработуваат на натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Русија, во сите области од заемен интерес.  

На средбата премиерот Спасовски го запозна амбасадорот на Руската Федерација со приоритетите на Владата на Северна Македонија, при што ги нагласи организацијата и спроведувањето на предвремените избори, како и евро-атлантските и европските интеграции.

„Премиерот Спасовски истакна дека преодната Влада на нашата земја ги има сите овластувања да обезбеди континуитет на политиките и процесите од интерес на земјата и граѓаните, меѓу кои свое место има и продлабочување на соработката со Руската Федарација, и дека сите отпочнати процеси на дипломатиите на двете земји, особено проектите од взаемен интерес иницирани од Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација ќе продолжат да се реализираат согласно договорените планови и динамика“, информираат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење