27 Септември, 2024
0.0306

Спасовски за Ачкоска: Со обвинител ќе прецизираме за кое дело ќе одговара

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Со обвинител ќе прецизираме за кое дело ќе одговара, но реакција за професорката Ачкоска мора да има, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. 

Тој ќе бара реакција од Јавното обвинителство по статусот на Фејсбук на пензионираната професорка од Филозофскиот факултет, Виолета Ачкоска, која објави дека средношколец бил отруен со дрога во пијалак, послужен во кафуле. Таа денес во полициска станица објасни дека нема информации за настанот, дека објавата ја направила откога за тоа ѝ кажале ученици, а сфатила дека направила грешка кога почнале да ја бараат новинарите, по што го избришала статусот. Спасовски денес ја потсети јавноста дека доколку некој има податоци за некое кривично дело, треба да ги сподели со истражните органи, а не на Фејсбук.

„Во врска со овој случај ние ќе поднесеме пријава до Јавното обвинителство и ќе бараме да има реакција од таму бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци и информации што предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без да се базираат на какви било факти и податоци. Ќе се консултираме со јавниот обвинител за да прецизираме за кое кривично дело ќе одговара, но мора да има реакција“, рече министерот Спасовски.

Тој апелираше сите да бидат одговорни за јавно изречените зборови, а посебно луѓето со интегритет и повика да не се шират шпекулации.

Професорката Виолета Ачкоска немала официјална информација дека гимназијалец бил отруен од друга која наводно му била подметната во пијалок во кафуле, туку такви муабети слушнала од деца.

Полицијата вчера попладне најостро ги демантираше лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се ширеа по социјалните медиуми.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници