Спасовски „загубил“ во својата населба?
Објавено во: Македонија 23 Април, 2019
Во избирачката единица во кумановската населба каде што живее Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, Стево Пендаровски, кандидатот на владеачката коалиција, загубил со два гласа помалку од Гордана Силјановска Давкова, поддржана од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според објавите кои се споделуваат на социјалните мрежи, станува збор за избирачкото место 1058/1, каде што гласа Спасовски.
На истото место Гордана Сиљановска Давкова освоила 134, додека Стево Пендаровски 132 гласа.
Спасовски до последен момент беше еден од главните кандидати за претседател од СДСМ