Спикерот Џафери вечерва ги распиша изборите
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Собранискиот претседател Талат Џафери доцна вечерва ги распиша изборите.
Џафери првично најави дека изборите ќе ги распише утре претпладне, но по проверките е утврдено дека мора да се распишат уште вечерва што е сторено од собранискиот спикер.
Закажана е седница на Државната изборна комисија.
Собранието попладнево се распушти и заврши мандатот на 9-тиот парламентарен состав од независноста на Македонија.
Изборите треба да се одржат на 12 април.