25 Април, 2024
0.0299

Спиро Ристовски: Членови на ВМРО-ДПМНЕ се незадоволни затоа што Силјановска го водеше пленумот

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Спиро Ристовски, поранешниот министер за образование и наука, како и за труд и социјална политика, смета дека голем дел од партиското членство е незадоволно по убедливата победа на Гордана Силјановска Давкова на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Македонија затоа што таа своевремено беше лидер на професорскиот пленум кој покрена бунт против тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

„Состојбата е загрижувачка бидејќи не се среќни со овој избор. Се чудат, но и се чудам што наш кандидат за претседател стана лидер на некогашниот професорски пленум, без оглед кој во периодот на студентските протести бил во право, а кој не. Односот е двостран. Во партијата не е заборавен 'учинокот' на тој пленум. Реагираат, затоа што главното прашање е дали со овој кандидат партијата може да освои 550.000 гласови. Раководството веројатно смета дека со стабилно гласачко тело и со некаква додадена вредност ќе стигне до резултат. Легитимно е прашањето на членството - со какви математики е направена таа пресметка?“, вели Ристовски во разговор за Дојче Веле.

Тој додава дека раководството на најголемата опозициска партија треба да биде отворена и за различните ставови и да го обедини членството.  

- Став од оној на раководството, веднаш се соочува со етикетирање, девалвирање, жигосување и натамошно изолирање од партијата. А сето ова се случува токму во време кога на ВМРО-ДПМНЕ му е потребно единство постигнато низ разговори, посветеност на членството, и обединување. И по овие мои изјави очекувам да има лавина од фејсбук-статуси на поединци, коишто и претходно ме жигосуваа затоа што имам различен став - тврди Ристовски


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот