Според извоз на вино Македонија е на 28 место, 173 по увоз
Објавено во: Економија 07 Август, 2018
Според извозот на виноМакедонија е на 28 место во светот, а на 173-то според увозот, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика „Worldstopexports“.
Од извозот на вино лани земјава реализирала 52,4 милиони долари што е 0,1 отсто од извозот во светски рамки, додека пак вредноста на македонскиот увоз, достигнал 699.000 долари што е 0,002 отсто од извозот во светот.
Според статистиката на „Worldstopexports“, светски лидери во извозот на вино се Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле со реализирани од две до 10,3 милијарди долари, а најголеми увозници се САД, Велика Британија, Германија, Кина и Канада, со остварен увоз од 1,9 до 6,2 милијарди долари.