Спречен e шверц на марихуана преку Охридското Езеро
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2021
Спречен e шверц на марихуана од албанска на македонска страна преку Охридско Езерo.
Запленета е дрога во помала колична, упасен се две лица на возраст од 29 и 35 години.
„Истражните дејствија покажаа дека двајцата браќа, во соработка, вршеле илегална активност на трговија со дрога од Албанија, кон Македонија, преку водите на Охридско Езеро. Благодарение на добро организираната акција, спречен е шверц на помала количина марихуана. Како материјален доказ запленти се чамец, два мотора „јамаха“, две електронски ваги“, соопшти полицијата.
Се додава дека во соработка со македонската полиција се работи на откривање и изведување пред лицето на правдата на останатите лица вклучени во оваа нелегална активност.