10 Јуни, 2023
0.0255

СПРЕМАЈТЕ ШПОРЕТИТЕ ЗА ПОЕВТИН РУЧЕК - од први јули најверојатно ќе се врати евтината дневна тарифа

Објавено во: Економија 26 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи најави дека од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули“, порача Битиќи додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.

Тој објави и дека Владата прави анализа дали да ја остави стапката на ДДВ за струјата на 10 отсто или да ја врати на 18 отсто од 1 јули. Анализите се при крај и Владата наскоро ќе излезе со информација.

„Ние пред година и половина кога донесовме мерка за ублажување на состојбите со енергетската криза и намалување на ДДВ, тогаш најавивме дека постепено ќе се врати затоа што не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна на Буџетот. Се прават последните анализи дали стапката ќе остане на 10 отсто или ќе се врати на 18 проценти, без притоа товарот да падне врз граѓаните“, рече Битиќи.

Во врска со цената на струјата тој објасни дека ЕСМ дава предлог кон ЕВН Хоум, а потоа Регулаторната комисија ќе донесе одлука, која се очекува да се знае кон крајот на јуни.

„Имаме месец и пол пред нас, а ние не зависиме само од домашните поизводители на електрична енергија, туку зависиме од цените кои се на берза“, вели Битиќи.

Тој додаде дека одлуките кои ќе се донесат за цената на струјата ќе бидат во полза на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

За храна и пијалоци за едно семејство се потребни над 19.500 денари - колку „тежи“ минималната кошничка?

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

БАЛКАНОТ "СПИЕ" НА ЗЛАТО: Откриено уште едно наоѓалиште во Босна и Херцеговина

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

НА БАРАБАН ОДИ СИМБОЛОТ НА НЕКОГАШНИОТ СОЦИЈАЛИСТИЧКИ ШОПИНГ - се продава Стоковната куќа „26 Јули“, досега газда и беше „Кристал“ од Велес

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

ВЛАДАТА МУ ДАДЕ НА НОМАГАС 3,3 МИЛИОНИ ЕВРА - парите се за експропријација на земјиштето за Интерконекторот на гас кон Грција

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

Како се снаоѓаат пензионерите со мали пензии за да го поминат месецот?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е ЛИДЛ: За што доби награда во Србија?

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Инвеститорите очекуваат нов пад на вредноста на турската лира

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

Зошто централните банки ќе инвестираат во злато?

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати

ЗА БИТИЌИ ИНФЛАЦИЈАТА ПАДНАЛА: Економските политики давале резултати