Срам за САД - Уапсени црнци во Starbucks затоа што чекале пријател
Објавено во: Свет 15 Април, 2018
Популарниот синџир на кафе барови Starbucks, како и полицијата во Филаделфија, САД се соочуваат со огромни критики поради неодамнешниот инцидент. Вработените во кафе барот повикале да интервенира полицијата затоа што двајца гости кои се црнци не порачале ништо и го чекале својот пријател кој требало наскоро да пристигне.
Потоа голема група на полицајци интервенирала и ги уапсила двајцата гости без никаква оправдана причина иако подоцна пристигнал и нивниот пријател кој бил зачуден за оваа срамна постапка.