25 Април, 2024
0.0275

Срби во Ниш чекаа во ред за туристички ваучер и вакцина

Објавено во: Балкан 14 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Фото: Бета

Ваучери за летни одмори за првите 50 вакцинирани граѓани во трговскиот центар „Делта Планет“ не предизвикаа гужви како оние во Белград, но жителите на Ниш и денес беа во ред за вакцината, дури и пред 10 часот кога беше пунктот за вакцинација отворен. Еден туристички ваучер вреди 3.000 динари, или 25 евра.

Повеќето од вакцинираните тврдат дека планрале да се вакцинираат како и да е, и дека ваучерот само ги охрабрува дополнително, но имало и постари луѓе кои рекле дека ја примиле вакцината за нивните деца да ги намалат трошоците за годишните одмори во Грција.

Меѓу граѓаните кои биле вакцинирани е и Бранислав Георгиев (87), кој дошол со неговиот син да се вакцинира.

"Јас сум во добра здравствена состојба, но мојот син ме убеди да ја примам вакцината. и да му го дадам ваучерот што го добив", рече Георгиев.

Градоначалничката на Ниш, Драгана Сотировски изјави дека засега само туристичката агенција „Евротурис“ се пријавила за доделување на ваучери, со што на граѓаните ќе им се поделат вкупно 150 ваучери.

Генералниот директор на туристичката агенција „Евротурс“, Милан Петковиќ, рече дека агенцијата се приклучила на иницијативата за дистрибуција на ваучери, поради важноста што вакцината ја има во борбата против вирусот корона.

„Вакцинацијата е клучот што отклучува бројни врати и овозможува непречено патување. Од 1 јуни, веројатно во цела Европа, а од утре во Грција, Турција и Обединетите Арапски Емирати“, нагласи Петковиќ.

Ваучери за летни одмори ќе добијат првите 50 граѓани кои утре ќе бидат вакцинирани во трговскиот центар „Рода“, а задутре 50 ваучери за оние кои први ќе бидат вакцинирани на „Форумот“ "

Граѓаните во Ниш ќе можат да ги користат ваучерите за летување преку „Евротурс“ во текот на целата летна сезона.


Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци