СРБИЈА ГИ ОТВОРА ТРГОВСКИТЕ ЦЕНТРИ: Денеска пристигнува нова пратка од 106.000 вакцини Фајзер
Објавено во: Балкан 12 Април, 2021
Затворените и
отворените трговски центри во Србија од денеска повторно отвораат и тоа од 06. до
22. 00 часот, се наведува во Наредбата на министерот за здравство Златибор
Лончар, објавена вчера во Службен весник.
Епидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон, вели дека и покрај подобрувањето на состојбата со крона вирусот во земјата, на терасите на кафулињата треба да се носат заштитни маски, сè додека не се консумираат пијалоци.
„Никој да не биде изненаден ако му пријде комунален инспектор и го казни“, рече Кон.
По повод отворањето на трговски центри, Кон изјави дека медицинскиот дел од Кризниот штаб не е за нивно отворање денес.
Директорот на Канцеларијата за ИТ и електронска администрација, Михаило Јовановиќ, за РТС вели дека досега се дадени вкупно над 2.900.000 вакцини, од кои 1.700.000 ја примиле и втората доза.
Тој најави дека во Србија денес ќе пристигнат уште 106.000 дози вакцини „Фајзер“.