15 Декември, 2018
0.2976
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Србија ги спушти рампите: Зошто се затвара царинскиот терминал во Прешево

Објавено во: Балкан 05 Декември, 2018

 Српското Министерство за финансии, Царинската управа,  објави дека го затвара царинскиот терминал во Прешево поради опаѓање на увозот-извозот. Царинењето, наместо во Прешево, ќе се врши во градот Врање, на околу 40 километри од српско-македонската граница.

Од Управата на Царината на Србија денеска одговорија дека терминалот во Прешево не е укинат, туку поради технички проблеми привремено е запрен со работа.

-Причината за престанок со работа на оваа царинска испостава од 25-ти ноември е од техничка природа, сè додека не се постигне соодветно решение за непречено продолжување на работата, појаснуваат од Царината.

Во Царинската управа оценија дека економијата на југот на Србија нема да има штетни последици, бидејќи царинењето на стоките може да се врши под исти услови на најблиската царинска испостава во Врање или во која било друга филијала која бизнисмените ќе ја изберат.

-Затварањето на овој терминал е штетен, реагираше Бесник Садику-шеф на Финансиската служба во Прешево, како дел од реакциите во Прешевската долина, каде сметаат дека оваа одлука има политичка заднина, пренесе РТК 2.

Во подрачното одделение во Прешево имало 13 цариници и сите се распоредени во други организациски единици на царинската испостава Ниш, земајќи го предвид местото на живеење.

-Привремениот престанок на работата на царинската испостава Терминал Прешево ќе трае само до распишувањето на јавен повик од страна на Царинската управа за изнаоѓање на долгорочно решение за потребите на локалните бизнисмени, нивните претставници во царинската постапка и сите ангажирани државни служби, а се со цел поефикасен развој на економијата во овој регионот , порачаа од Царинската управа на Србија.


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Да се гази и руши Србија е добро

(ВИДЕО) Вучиќ: Да се гази и руши Србија е добро

Србија ја разгледува опцијата за интервенција на Косово

Србија ја разгледува опцијата за интервенција на Косово

ФОТО НА ДЕНОТ ОД МИТРОВИЦА: На една страна војска, на друга снешко

ФОТО НА ДЕНОТ ОД МИТРОВИЦА: На една страна војска, на друга снешко

ЕУФОРИЈА ВО ПРИШТИНА: Се подготвува голема прослава за војската

ЕУФОРИЈА ВО ПРИШТИНА: Се подготвува голема прослава за војската

(ВИДЕО) ПЕТАРДИ, ТРУБИ, ПРОСЛАВИ НА УЛИЦИТЕ: Косово добива вооружени сили

(ВИДЕО) ПЕТАРДИ, ТРУБИ, ПРОСЛАВИ НА УЛИЦИТЕ: Косово добива вооружени сили

Зошто денес е „ДЕН Д“ за војската на Косово ?

Зошто денес е „ДЕН Д“ за војската на Косово ?

(ФОТО) Косовска Митровица осамна со српски знамиња

(ФОТО) Косовска Митровица осамна со српски знамиња

(ВИДЕО ВО ЖИВО) УНГАРИЈА НА НОЗЕ: Се протестира против Орбан и контроверзниот закон

(ВИДЕО ВО ЖИВО) УНГАРИЈА НА НОЗЕ: Се протестира против Орбан и контроверзниот закон

ИНОВАЦИЈА: Студенти создадоа паметен тепих

ИНОВАЦИЈА: Студенти создадоа паметен тепих