27 Септември, 2024
0.0274

СРБИЈА ЌЕ ДОБИВА ГАС ОД АЗЕРБЕЈЏАН: За колкава количина се работи?

Објавено во: Економија 26 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Oд Азербејџан во Србија ќе стигнуваат по еден милион кубни метри гас дневно во текот на оваа зима. 

Министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и министерот за енергетика на Азербејџан Парвиз Шахбазов потпишаа денес во Белград Меморандум за разбирање за соработка во областа на зелената енергија меѓу двете земји, а претставниците на Србијагас и азербејџанската компанија СОКАР потпишаа договор за снабдување со гас со кој се предвидува добивање до еден милион кубни метри дневно за потребите на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Минатата година во Баку потпишавме меморандум меѓу двете министерства како и договори меѓу нашите компании, гасни компании, во кои се предвидува Србија да добива до 400 милиони кубни метри гас годишно до 2026 година, а потоа овие количества може да се зголемат на милијарда кубни метри. Србија ќе може да смета на милион кубни метри гас дневно од Азербејџан во текот на оваа зима, всушност од 1 ноември до 31 март“, изјави Ѓедовиќ Хандановиќ по потпишување на договорите.

Таа посочи дека средбата била добра можност за воспоставување и подобрување на односите меѓу двете земји во областа на енергетиката и зелената енергија.

Според неа соработката меѓу Србија и Азербејџан во енергетскиот сектор станува сеопфатна и стратешка, што значително придонесува за подобрување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји.

На средбата разговарано е и за зелениот енергетски коридорот, во кој Азербејџан има централна улога, кога станува збор за идното снабдување со зелена енергија за земјите од Централна и Источна Европа, и за улогата на Србија поради нејзината позиција.

Министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов, изјави дека во изминатите месеци и години соработката меѓу двете земји во областа на енергетиката значително напредувала, нагласувајќи дека потпишаните документи овозможуваат дополнително зголемување на испораките на гас од Азербејџан, како и проширување на соработката во областа на енергетската транзиција.

„Разговаравме и за можноста Србија да стане дел од Зелениот коридор меѓу Каспискиот регион и Југоисточна Европа, бидејќи Србија веќе граничи со три земји кои учествуваат во проектот и може да игра улога и на корисник и на транзитна земја“, рече Шахбазов.

Срспката министерка Ѓедовиќ Хандановиќ, посочи да Србија во следните неколку години ќе ги зајакне преносните капацитети со Романија, Бугарија и Унгарија, а со изградбата и завршувањето на Трансбалканскиот електроенергетски коридор, капацитетите со Црна Гора и индиректно со Италија ќе бидат значајни.

Инаку, Србија деновиве склучи договор и со САД за соработка на полето на енергетиката. 

Можеби ќе ве интересира

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

Свислион затвора продавници „Слатка куќа“ низ Белград и Србија

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ЕВН Снабдување – 10 години лидер на слободниот пазар на електрична енергија – стабилен и сигурен партнер за македонските компании

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ПО ДЕВЕТМЕСЕЧНО ДИРЕКТОРУВАЊЕ СО НАЈГОЛЕМАТА ВИНАРСКА ВИЗБА - Бранка Славеска повеќе нема да раководи со „Тиквеш“

ЕСМ назначи нова тура директори

ЕСМ назначи нова тура директори

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

КИНЕСКАТА ИНФРАСТРУКТУРНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: „Катализатор за глобален развој“

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

„РОЛЕКС“ ПОЧНУВА ДА ПРОДАВА „СЕКНД ХЕНД“ ЧАСОВНИЦИ - еве колку тие ќе чинат

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

НА ЕВРОПСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА И СЕ ЗАКАНУВА ХАОС: Еве што се случува

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПРОТЕСТИ НИЗ ШПАНИЈА: Сидникатите бараат намалување на осумчасовната работна недела

ПОВЕЌЕ ОД 40 ТИМОВИ ГИ „ЛОВАТ“ ТРГОВЦИТЕ: Ако згрешат со цените им следат дебели казни

ПОВЕЌЕ ОД 40 ТИМОВИ ГИ „ЛОВАТ“ ТРГОВЦИТЕ: Ако згрешат со цените им следат дебели казни