25 Април, 2024
0.0298

Србија ќе поднесе пријави и ќе им забрани влез на учесниците на Европрајд што се исмеваа со Црквата

Објавено во: Балкан 22 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, најави дека денеска, евентуално утре, ќе бидат поднесени кривични пријави против одредени учесници на Еуропрајд, а на дел од нив, вели, ќе им биде изречена забрана за влез во државата.

Вулин рече и дека ќе бидат казнети оние кои ја нападнаа полицијата минатиот викенд за време на Европрајд. Тврди дека полицајците постапиле многу професионално во саботата и дека дале се од себе за да не биде загрозена ничија безбедност.

„Дали сте го виделе однесувањето на некои од учесниците на геј парадата? Го видовте ли оној како ги соблекува панталоните пред црквата? Се надевам дека денеска, евентуално утре, ќе поднесеме кривична пријава против некои од нив, бидејќи ќе издадеме и забрана за влез на одреден број лица“, изјави Вулин при посетата на ТВ Пинк, пренесе Танјуг.

На прашањето дали се знае кои се овие лица, Вулин одговори дека се знае кои се и од каде се. Тој рече дека е горд на секој полицаец за тоа како се однесувале на митингот.

„Полицијата максимално професионално си ја заврши работата, бидејќи ѝ беше кажано дека ничија безбедност не смее да биде загрозена“, рече Вулин.

Зборувајќи за оние кои учествуваа во нападите врз полицијата на денот на Европрајд, Вулин рече дека овие хулигани, „ја нападнале полицијата на неколку километри од местото каде што се одржувала геј парадата“.

„Значи не дојдовте ни да протестирате против геј парадата, дојдовте да тепате полиција, да убиете нечиј татко и нечиј брат. За тоа ќе бидете казнети и никогаш повеќе нема да помислите да направите нешто такво“, изјави Вулин.


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)