Србија нема да биде паркинг за емигранти, вели Вучиќ
Објавено во: Балкан 03 Октомври, 2022
Србија нема да биде паркинг за емигранти, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан и австрискиот канцелар Карл Нехамер разговара за емигрантската криза и заедничките акции против организираниот криминал и шверцот. Вучиќ вели дека Србија е специфичен случај во смисла на емигрантите, бидејќи има пораст на бегалци од Израел, Пакистан и останатите земји од Блискиот Исток, но и од Русија и Украина.
„Тоа е голем товар за една мала земја. Зборувавме за миграциите и сакам да ги информирам сите дека Србија до крајот на годината ќе се усогласи со визната политика на Европската Унија. Србија нема да може да се користи како земја за пристигнување. Луѓето во Белград не знаат со колку проблеми се соочува нашата полиција, и сега решивме со заедничка работа да им помогнеме и на Австрија и на Унгарија и на Србија“, додаде Вучиќ.
Рече дека ќе го почитуваат меѓународното право и ќе ги разберат луѓето кои се во тешка ситуација, но ќе ја зачуваат безбедноста. Најави дека на 7 октомври во Белград ќе биде потпишан договор, а потоа ќе биде направен и акциски план. Инаку, поради војната во Украина голем број бегалци се засолнија во европските земји.
foto EPA-EFE