Србија се подготвува за евакуирање на жителите од поплави
Објавено во: Балкан 09 Јуни, 2013
Во Србија почна подготовка за евакуирање на жителите од реони кои можат да бидат поплавени од очекуваниот бран во среда по реката Дунав.
- Нивото на Дунав се зголемува и ќе го достигне максимумот околу 12-13 јуни, изјави заменик-началникот на Управата за вонредни состојби при српското МВР Ѓорѓе Бабиќ.
Според него, најопасна се очекува да биде состојбата во општина Беочин, каде некои населби веќе почнале да се поплавуваат. - Таму во моментот се врши евакуација на луѓе и имот, рече Бабиќ.