Србија се уште има фирми од поранешна Југославија низ Балканот
Објавено во: Балкан 05 Септември, 2018
Србија ќе направи попис на имот на српски фирми во поранешните ју-републики за да може да им помогне на тие фирми во решавање на тоа прашање.
Проценките се дека вредноста на имотот на Србија во Хрватска е околу 1,8 милијарди евра.
Републичката дирекција за имот повика денеска фирми и јавни установи, кои имале недвижен имот на територијата на поранешните југословенски републики да им достават податоци и документација за тој имот за да се формира единствен регистар за нивниот недвижен имот, јави Танјуг.
Изминатите децении судови во Хрватска одбиваа тужби по барања за фирми од Србија, повикувајќи се на тоа дека се преуранети и дека е потребен билатерален договор за разработување на Анекс Г.
Многу фирми кои им припаѓале на бившите републики, отишле во стечај.