Србија се вооружува, ќе купат оружје во вредност од 1.3 милијарди долари
Објавено во: Балкан 11 Август, 2022
Северниот сосед се вооружува. Србија нарачала оружје за сума од 1,3 милијарди долари.
Земјата минатата година склучи договор за набавка на оружје и воена опрема во вредност од една милијарда и 318 милиони долари. Тоа претставува сума поголема од вкупната вредност на сите набавки од крајот на 2016 година, кога почна процесот на модернизација на војската на Србија, пишува Бета.
Порталот Балканска безбедносна мрежа, пишува дека висината на договорените набавки е наведена во извештајот за работењето на јавното претпријатие Југоимпорт-СДПР за минатата година. Беше наведено дека се потпишани 287 поединечни договори со 31 земја.
„Драматичното зголемување на набавката на оружје подразбира нови големи договори. Важен партнер беше Русија, од која четири борбени хеликоптери Ми-35М, три транспортери Ми-17В-5, две батерии на системот за противвоздушна одбрана Панцир-S1M, системи за противелектронски акции и борба против беспилотни летала…“.
Во текстот се потсетува дека практиката во големи зделки е дел од парите да се даваат како аванс, но не е јавна информација колку е платено на Русија за оружје кое сега не може да се добие поради меѓународните санкции и блокадата на руската економија. Оваа година Србија купуваше ново оружје и тоа предизвика паника во Хрватска и на Косово.